Esin Işık
03 Февруари 2018•Ажурирај: 03 Февруари 2018
БАТМАН (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ја критикуваше денес турската опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) поради настојувањето Ослободителната војска на Сирија (ФСА) да ја доведе до поврзаност со терористите, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган престојуваше денес во источниот турски град Батман, каде е одржан Конгресот на Партијата за правда и развој (АК Партија). Зборуваше за борбата против тероризмот.
„Кој моментално се наоѓа спроти нас, се наоѓа Западот. Се наоѓаат терористите заедно со оружјето кое им го даде Америка. Се наоѓаат ПЈД, ЈПГ и ПКК. Тоа се терористи. Велат дека тоа се Курди, но тоа не е точно. Тие не можат да бидат претставници на мојот братски курдски народ. Тоа нема никаква врска, бидејќи тие се само и само терористи“, изјави Ердоган.
Турскиот претседател ја критикуваше ЕУ, поради истапување на одредени пратеници на Европскиот парламент (ЕП), кои дадоа поддршка на ПКК.
„ЕУ ги прогласи за терористичка организација и порача дека никогаш нема да ги прифати. Но една група на претсатвници излегоа, ги ставија нивните крпи околу вратот и на нас се обидуваат да ни пратат некоја порака. Ние тргнавме на овој пат и тој ќе продолжи се додека регионот во потполност не го исчистиме од терористите. Ние секогаш бевме со угнетените“, порача Ердоган.
Ердоган ја критикуваше денес турската опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) поради настојувањето Ослободителната војска на Сирија (ФСА) да ја доведе до поврзаност со терористите.
„Тие (ФСА) велат 'Ние сме пријатели на Осмалниите и Турците'. А неморалните претставници на ЏХП, за жал, нив ги поврзуваат со терористичките организации. Моментално Ослободителната војска на Сирија (ФСА) е рамо до рамо со нашиот Мехмед (турската војска). На рамениците имаат турско знаме. А што е на рамениците на ПЈД? Американското знаме. Тоа е токму ЏХП за која зборуваме“, порача Ердоган.