Yusuf Hatip
27 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) предупредува дека ситуацијата во мјанмарски Аракан е и понатаму сериозна и повикува на процесуирање на одговорните за систематските кршења на човековите права во тој регион, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, на денешниот медимски брифинг изјави дека претставниците на Комисијата оваа недела ќе се состанат со претставниците на Меѓународната истражна комисија за Мјанмар, што е формирана под покровителство на Обединетите нации (ОН).
Таа изјави дека на состанокот детално ќе биде разгледан извештајот кој Мисијата го состави по 18-месечната работа на терен.
„Чекорите што ЕУ ќе ги преземе по тоа прашање ќе бидат предмет на консултации меѓу членките“, изјави Коцијанчич и додаде дека ситуацијата во Аракан и понатаму е сериозна и дека одговорните за систематските кршења на човековите права треба да бидат процесуирани.
Тимот на истражители на ОН во составот на Мисијата за независна истрага на ситуацијата во Мјанмар објави извештај во кој се бара врвот на мјанмарската Војска да се процесуира на Меѓународниот кривичен суд поради геноцидот направен врз Рохинџа муслиманите.