Ekipa
18 Јануари 2017•Ажурирај: 18 Јануари 2017
РИМ (АА) - За еден час, денес Италија ја погодија три големи земјотреси што се случија во средишниот дел на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тамошните медиуми јавуваат дека потресите се почуствувале и во главниот град Рим, но сѐ уште нема информации за евентуалните настанати штети или жртви.
Првиот земјотрес од 5,3 степени според Рихтер го погодил регионот Аматриче, околу 10.25 часот. Речиси 50 минути подоцна следуваше земјотрес со јачина од 5,7 степени, а по десет минути и трет земјотрес со магнитуда 5,3 степени според Рихтер.
Во планинскиот регион Аматриче минатата година се случија три земјотреси, кои однесоа 300 жртви.
Регионот е оддалечен од Рим околу 100 километри.