Gamze Türkoğlu Oğuz
25 Јуни 2018•Ажурирај: 26 Јуни 2018
СИНГАПУР (АА) - За самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, што се одржа на 12 јуни во Сингапур, се потрошени 16,3 милиони долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во весникот „The Straits Times“, Министерството за надворешни работи на Сингапур информира дека за самитот Трамп - Ким се потрошени 16,3 милиони долари, од кои голем дел биле одвоени за обезбедување.
Портпаролот на Министерството за комуникации и информации соопшти дека на самитот се потрошени приближно 4 милиони долари за медиумите.
Премиерот на Сингапур, Ли Сјенлунг, пред самитот информираше дека според пресметките самитот меѓу двајцата лидери би требало да чини околу 20 милиони долари.