????? ??????????
13 Ноември 2015•Ажурирај: 15 Ноември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Во просториите на „Здружението на слепи и лица со оштетен вид“ во Скопје, се одржува дводневниот 43-ри традиционален „Меѓународен шаховски турнир на слепи и лица со оштетен вид“. На шаховскиот турнирот во машка и во женска конкуренција учествуваат 35 шахисти, од кои 29 мажи и 6 жени, јавува Anadolu Agency (AA) .
Според организаторите преку турнирот Здружението на слепи лица директно се вклучува во одбележувањето на 13 Ноември, Денот на Ослободувањето на Скопје.
Стартот на турнирот го означи градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, кој на шахистите им посака успех.
“Драго ми е што и годинава сум повторно овде и што Градот Скопје го помага овој шаховски турнир.И понатака ќе продолжиме да ја оддржуваме оваа соработка а истовремено ви честитам на организацијата на овој турнир на кој има многу гости од соседна Србија, изјави Градоначалникот Трајановски.
На меѓународниот шаховски турнир за слепи и лица со оштетен вид учествуваа учесници од Нови Сад, Белград, Лесковац, Косовска Митровица и Ниш, а присутни беа и шахистите од повеќе здруженија ширум Македонија.