БЕЛГРАД (АА) - Министерскиот самит на Организацијата за европска безбедност и соработка (OSCE), 22 по ред започна во Белград, јавува Anadolu Agency (AA).
Од раните утрински часови делегации од скоро 70 земји почнаа да доаѓаат во "Комбанк арената" . Меѓу бројните учесници на овој голем политички настан, се наоѓаат и 44 министри за надворешни работи на земјите членки на OSCE.
Повеќе од 1.000 претставници на официјални делегации од 57 земји членки и 11 земји партнери на доаѓањето ги поздрави Ивица Дачиќ, претседавач на OSCE и министер за надворешни работи на Србија.
- Политичка престолнина на Европа-
Самитот ќе биде и настан со кој ќе заврши едногодишното претседавање на Србија со OSCE, а се очекува да бидат донесени низа важни политички одлуки, но и одлука за борбата против тероризмот и мигрантската криза. На пленеарните седници ќе се разговара и за украинската криза, како и за останатите важни теми. Првата пленеарна седница ќе ја отвори Дачиќ.Потоа збор ќе добие Александар Вучиќ премиерот на Србија, во име на домаќинот, кој покасно во текот на денот, неврзано за самитот, ќе има низа билатерални средни со претставниците на европските земји.
Од бројни угледни гости во Белград, за кои домаќините велат дека во наредните два дена ќе биде политичка престолнина на Европа, дојдоа Џон Кери, американскиот државен секретар, потоа Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ, Мевлут Чавушоглу, министер за надворешни работи на Република Турција, Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија, Франк Валтер Штеинмаер, министер за надворешни работи на Германија која од први јануари 2016 година ќе го преземе претседавањето со OSCE и многу други. Од регионот стасаа министрите за надворешни работи на Хрватска, БиХ, Македонија и Црна Гора.
За време на самитот, освен пленеарните седници, најавена е низа на билатерални средби за што во "Комбанк арената" се посебно припремени неколку простории.
Според официјалниот протокол не се знае точниот распоред на билатералните средби, но со највеќе внимание се очекува средбата на Чавушоглу, министерот за надворешни работи на Турција и неговиот руски колега Лавров. За тој состанок и двајцата министри за надворешни работи изразија спремност а дали навистина ќе дојде до средба сеуште не е официјално потврдено. Ќе бидат одржани и два приеми за сите гости на самитот, еден официјален и друг неформален, а домаќини ќе бидат Вучиќ и Дачиќ .
- Најголем политички настан во Србија од 1989-
Во Белград речиси на секој чекор може да се примети дека се одржува овој голем политички собир. Припадниците на безбедносните сили можат да се видат на сите важни сообраќајници. Приодите на "Комбанк арената" во потполност се блокирани, а се спроведуваат детални мерки на сигурност за се да помине во најдобар ред. Секој шеф на делегација има обезбедено специјална придружба , превоз и лично обезбедување. За безбедноста во самата "Арена" ангажиран е голем број на полицајци, како и во хотелите каде се сместени гостите на самитот.
За Србија ова е најголем политички настан од 1989 година и самитот на неврзаните зејми кој е одбележан во Белград. Трошоците на министерскиот самит на OSCE-a изнесуваат околу три милиони евра и речиси во целост ги покри Србија. OSCE за овој настан осигура 500.000 евра.
news_share_descriptionsubscription_contact
