?????? ?????
18 Ноември 2015•Ажурирај: 18 Ноември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Вечерва во Скопје започна Шестиот симпозиум за студентите по медицина, во организација на македонската Асоцијација на студенти по медицина, со поддршка на Турската интернационална организација за соработка и координација -ТИКА, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на македонската Асоцијација на студенти по медицина, Стефан Василевски рече дека овие активности се показател колку оваа федерација се грижи за младите доктори и за поквалитетна едукација на младите. Василевски додаде дека на симпозиумот ќе присуствуваат повеќе од 300 млади студенти, доктори од разни области на медицината.
“Ние имаме направено многу проекти во здравството. Со студентите од медицина оваа година организиравме два симпозиума, на кои присуствуваа повеќе од 500 доктори од од 100 различни земји” , изјави Теоман Тириаки, директор на ТИКА за Македонија, кажувајќи дека оваа организација ќе продолжи да ги поддржува активностите на студентите по медицина.
Орхан Дерман, универзитетски професор, од “Хаџитепе” универзитетот од Анкара, при Факултетот за медицина, рече дека на овој студентски симпозиум ќе се обработуваат социјални теми, етницитетот, половата дискриминација и светскиот здраствен систем.
“Среќен сум што гледам голем број учесници на овој симпозиум. Организацијата опфаќа многу сегметни и ние со тоа ја остваруваме нашата цел”, изјави Дерман.