Ekipa
16 Јули 2016•Ажурирај: 16 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - По повод настаните и случувањата во Турција, во врска со обидот за воен удар, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија излезе со соопштение во кое се вели дека Претседателот Ѓорѓе Иванов со внимание ги следи настаните и развојот на состојбите во Република Турција како и тоа дека Македонија ја поддржува демократски избраната влада на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Република Македонија ja поддржува демократски избраната влада на Република Турција. Република Турција како земја членка на НАТО и како исклучително значајна држава во соочувањето со глобалните предизвици e голем пријател и стратешки партнер на Република Македонија”.
Во соопштението се нагласува дека Претседателот Иванов го поддржува нормализирањето на состојбите во Република Турцијa и повикува на почитување на демократските институции и избегнување на секаков вид на насилство и крвопролевање
„Претседателот Иванов смета дека мирот и стабилноста е од клучно значење за секоја од државите во регионот, и во овие моменти е потребна разумност и смиреност. Македонскиот претседател порачува дека политичките цели треба да се постигнуваат единствено со дијалог и во согласност со волјата на граѓаните на избори”, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.