Cuneyt Davut
16 Март 2016•Ажурирај: 17 Март 2016
ИДОМЕНИ (АА) – Менаџер за комуникации на Организацијата Лекари без граници Вики Марколефа во бегалски камп во Идомени кој се наоѓа во близина на границата меѓу Македонија и Грција истакна дека поради условите за живот се влошува здравствената состојба на луѓето, како и дека поради дождот не можат да палат оган за да ги сушат нивните алишта. Таа информираше дека минатата недела им бил пружен лекарски третман на 2 илјади бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
Вики Марколефа во разговор за АА кажувајќи дека кампот е изграден за 4 илјади луѓе истакна дека сегашниот број на бегалци достигна над 15 илјади и затоа се влошуваат условите за живеење, каде што постојат сериозни проблеми за обезбедување на здравствени услуги од секој вид.
Во однос на здравствената состојба на децата Маркофела за рече дека "како резултат на долгите патувања со брод и проблемите со кои се соочуваат на патот за да стигнат тука , додавајќи ги лошите услови во кампот кај децата најчесто се јавуваат проблеми со температура, проблеми со дишење и кашлица, болки во стомакот" .
Марколефа информираше дека покрај спомнатите проблеми, кај децата се забележани психолошки проблеми, депресија и трауматична ситуација, заради “затворените врати”. Маркофела истакна дека повеќе од половина од бегалците во кампот во Идомени се жени и деца и дневно им се пружа третман на повеќе од 80 деца, а исто така, таа предупреди дека во кампот има и голем број на жени кои се бремени.
"Ние се обидуваме да им понудиме подобри услови и да дадеме приоритет на сите нивни потреби. Шаторите кои се поголеми и со греење се шатори во кои имаат предност пациентите. Треба да се напомене дека во шаторите на организацијата “Лекари без граници” помеѓу пациентите кои доаѓаат често се лица со посебни потреби. Помеѓу другото, Маркофела изјави дека бегалците кои биле жртви на војната и лицата со хендикеп имаат предност.
"Постојано се стремиме да се обезбедиме лекови, терапии и други потреби на нив. Ние се обидуваме да обезбедиме лекови од другите градови. Ние сме свесни дека нивната состојба е сериозна, но под овие околности ние се обидуваме да направиме се што можеме ", вели Маркофела.
Сирискиот бегалец Мурад кажува дека 21 ден е во кампот во Идомени и се соочуваат со големи проблеми. Тој вели дека 4 дена имаше главоболки и стомачни проблеми каде поради долгите редици во шатори за здравство не доби медицински третман. Тој додава дека кампот нема лекови и сириски лекари.
"Во кампот има повеќе од 15 илјади луѓе, а медицински шатори има само три. Мојата сопруга е бремена, имаме потреба за лекови и лекар. Потребен е преглед еднаш месечно, но 5 дена чекаме сеуште не дошол ред на нас", рече Мурад.
Поради врнежи од дожд, недостаток на храна и медицински услуги, како и зголемување на бројот на бегалци над 15 илјади предизвикува влошување на ситуацијата. Македонската граница веќе 11 дена е затворена и на ни еден бегалец не му е дозволено да помине. Исто така, има и бегалци кои од кампот во Идомени се транспортирани во другите кампови, но исто така и оние кои доаѓаат од други кампови во Идомени се надеваат дека ќе го продолжат своето патување кон продолжуваат кон Европа.