Mehmet Nuri Uçar
13 Септември 2016•Ажурирај: 14 Септември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска изврши напад на позициите од силите лојални кон режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во Голанската висорамнина, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на израелската војска А. Адрае во пишано соопштение потврди дека израелската војска како одговор на претходното ракетирање од сириската страна на висорамнината, изврши напад на позициите на сириската војска. За време на нападот, немало загинати ниту ранети.
Поради воената ситуација во Сирија, до слични случаи на Голанската висорамнина доаѓало и порано, а Израел одговара на сите напади.