Ekipa
24 Јули 2018•Ажурирај: 25 Јули 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел соопшти дека на границата со Сирија срушил воен авион на Асадовиот режим, под изговор дека го прекршил воздушниот простор на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот на портпаролот на израелската војска, во изјава за АА, истакнаа дека воениот авион на 2 километри навлегол во воздушниот простор на Израел, при што бил срушен од страна на израелските воздушни одбранбени системи.
Според ова соопшение, овој авион од руско производство од типот „Сухој“ е погоден со два проектила од типот „Патриот“ лансирани од воздушните одбранбени системи на оваа земја.
Се вели дека од утринските часови во сириските подрачја во близина на границата со Израел во тек се судири меѓу силите на Асадовиот режим и опозицијата.
„Израелската војска е под готовност од високо ниво, и ќе продолжи да одговара на прекршувањето на Договорот за повлекување на силите од 1974 година“, се наведува во ова соопштение.
Според вестите на локалните медиуми, авионот погоден од страна на Израел, паднал на територијата на Сирија.
- Асадовиот режим: Нашиот авион е погоден во сирискиот воздушен простор од страна на Израел -
Асадовиот режим тврди дека авионот за кого Израел соопшти дека е срушен, е погоден во воздушниот простор на Сирија.
Според веста на новинската агенција на Асадовиот режим, САНА, базирана на воени извори, се тврди дека авионот на режимот не го прекршил воздушниот простор на Израел, и дека тој бил погоден во сирискиот воздушен простор.
„Израел ја докажа својата поддршка за вооружените терористи, погодувајќи го нашиот воен авион кој во рамките на воздушниот простор на Сирија ги бомбардираше вооружените групи во подрачјето на Сајда (во градот Дера) во околината на долината Јермук“, се наведува во веста.