Mustafa Deveci
26 Октомври 2018•Ажурирај: 27 Октомври 2018
ГАЗА (АА) - Израелските војници отворија оган врз Палестинците на границата со Газа, при што загинаа четири, а повредени се 31 лице во текот на мирните демонстрации на „Маршот на големото враќање“, кои се одржуваат на источната граница на Газа која е под блокада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ешреф ел Кудра, во писмено соопштение истакна дека израелските војници интервенирале врз демонстрантите кои се собрале на источната граница на мигрантскиот камп „Џибалија“, со цел да учествуваат на мировните демонстрации „Маршот на големото враќање“, при што животот го загуби 27-годишниот Палестинец, Мухамед Халид Махмуд Абдунеби.
Демонстрантите кои носеле палестински знамиња, се собрале на источната граница на Газа со цел да учествуваат на демонстрации, каде што ги запалиле гумите на возилата. Израелските војници интервенирале врз демонстрантите, користејќи вистински куршуми и созлавец.
Палестинците од 30 март досега, на границата меѓу Појасот Газа, кој е под блокада, и Израел, одржуваат мировни демонстрации под името „Маршот на големото враќање“.
Израелските војници отвораат оган со вистински куршуми врз цивилите што сакаат да се вратат во своите територии од каде што биле протерани и бараат да се отстрани нелегалната блокада која од 2006 година се применува во Газа.
Над 200 Палестинци го загубија животот во интервенцијата на израелските војници врз мировните демонстрации што се во тек од 30 март.