Mehmet Nuri Uçar
21 Јули 2017•Ажурирај: 22 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Нападите на Израел на џамијата Ал Акса, којашто е трета по значење џамија за исламскиот свет, траат од окупацијата на источен Ерусалим, во јуни 1967 година, а најновите удари на верниците во Ерусалим повторно оваа џамија ја ставија во фокусот на јавноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Најчестите напади на џамијата Ал-Акса се случија во 2014, 2015 и 2016 година, кои според податоците на палестинските институции воедно се и најопасните години на тоа подрачје.

Откако го окупира источен Ерусалим во 1967 година, Израел започна со ископување на локацијата на Ал-Акса.
Австралискиот евреин Мишел Рохан на 21. август 1969 година ја запали Ал Акса, односно михработ и илјадагодишниот минбер во џамијата. И покрај бројните обиди за реставрација, до денес не се остранети трагите од тој напад.
Израелски војник отвори оган во Ал Акса на 11. септември 1982 година, уби двајца, а рани шестмина Палестинци.
При поставување на камен-темелник за споменикот на Соломон, Евреите отворија оган на Палестинците кои се спротивставуваа на тој чин, при што беа убиени 21 лице, а овој напад се случи на 10. октомври 1990 година.
Во немирите на 25. септември 1990 година, откако израелските власти пробија тунел на ѕидот Бурак, во западниот дел на Ал Акса беа убиени 63 Палестинци.
Ариел Шарон, поранешен израелски премиер, во 2000 година насилно влезе во дворот на Ал-Акса, со што започна втората интифада.
Израелските војници на 13. јуни 2014 година, со употреба на солзавец и пластична муниција упаднаа во Ал-Акса, влегоа во џамијата и го нарушија просторот за молитва.
Во септември 2015 година настапува забрана за дежурство во Ал Акса, која ја воведе поранешниот израелски министер за одбрана, Моше Јалон, а истиот месец израелските војници упаднаа во Ал Акса и заробија петмина Палестинци.
Кон крајот на 2016 година, на 28. декември започна копање на новиот тунел кај Ал-Акса, а Израел моментално спроведува ископувања на вкупно 63 тунели.
По убиството на тројца Палестинци, израелската полиција ја затвори Ал Акса на 14. јули оваа година, по што беа поставени детектори за метал и беа воведени рестрикции во џамијата.