Ekipa
04 Октомври 2018•Ажурирај: 04 Октомври 2018
ПАЛУ (АА) - Индонезиската Агенција за катастрофи денес објави дека бројот на жртвите во земјотресот и цунамито, кои минатата недела го погодија островот Сулавеси, се зголеми на 1.424, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сутопо Пурво Нугрохо, портпаролот на Националната агенција за катастрофи, денес во Џакарта ги соопшти новите официјални податоци.
Нугрохо нагласи дека потрагата по жртвите и понатаму трае, и дека се смета оти има уште тела под наслагите кал и под урнатините.
Катастрофата го погоди градот Палу и околното подрачје во провинцијата Централен Сулавеси минатиот петок. Подрачјето прво беше погодено од силен земјотрес со магнитуда од 7,5 степени, а потоа и од цунами.