Haydar Hadi
30 Април 2016•Ажурирај: 01 Мај 2016
БАГДАД (АА) - Поради безбедносни причини затворени се влезовите во ирачкиот главен град Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото известување издадено од страна на Оперативната Команда на Багдад, се вели дека затворени се сите влезови во Багдад. Во соопштението се наведува дека од главниот дозволено е да се врши само излез.
- Наредба за демонстрантите да протестираат со седење
Од друга страна на демонстрантите кои насилно влегоа во зградата на парламентот им беше наредено да протестираат со седење.
Во изјавата на комтетот одговорен од демонстрантите кои се приврзаници на Движењето Садр, демонстрантите беа повикани да протестираат со седење.
Голем број на демонстранти, истовремено и приврзаници на шиитскиот лидер во Ирак, Муктеда ес-Садр, со ирачки знамиња во рацете, седнувајќи на пратеничките седишта, ги извикуваа слоганите: “ Мирно мирно“, “Каде се тие што ти се закануваат(Садр), “Влеговме во Зелената зона“. Тие исто така уништија дел од мебелот и ентериерот на зградата, забележано е дека се искршени прозорци и маси.