Mahmoud Barakat
19 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
БАГДАД (АА) - Денес висок полициски командант изјави дека ирачките сили ослободиле територија од 352 км, јужно од градот Мосул кој е под контрола на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Ирачките сили со поддршка од коалициските воздушни напади предводени од САД, доцна во саботата започнаа офанзива за заземање на Мосул – последното упориште на ДЕАШ во северен Ирак, кој беше заземен од терористичката организација во 2014 година.
„Полициските сили од почетокот на операцијата за Мосул успеаја да заземат 352 километри (од ДЕАШ)“, изјави генерал потполковник Раид Шакир во соопштението објавено на веб-сајтот на Министерството за внатрешни работи.
Тој не даде повеќе детали во врска со областите каде што милитантите на ДЕАШ се совладани.
Воениот офицер, Тахсин Абд изјави дека ирачките трупи спасиле повеќе од 100 семејства јужно од Мосул.
Во средината на 2014 година, ДЕАШ го зазеде Мосул, пред да заземе поголеми делови од територијата во северните и во западните региони на земјата.
Во изминатите месеци, ирачката армија поддржана од локалните копнени сојузници и од воздушната коалиција предводена од САД, зазеде поголем дел од територијата. Сепак, терористичката група остана да контролира неколку делови од земјата, вклучувајќи го и Мосул.