Shpetim Hiseni
11 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во многу градови низ светот, а особено низ исламскиот свет, беа организирани манифестации и соодветна програма по повод раѓањето (Мевлуд) на пратеникот Мухамед, јавува Anadolu Agency (AA).
Муслиманите во различни земји во светот ја продолжија традицијата на прославата на роденденот на пратеникот Мухамед. Освен во многу градови низ Турција, како што е градот Бурса со своите традиционални тасавуфски програми, манифестации по повод мевлудот се организирани и во другите земји од исламскиот свет, со посебен акцент на Ерусалим и Каиро.
Инаку, роденденот на божјиот пратеник Мухамед е означен на 12-та ноќ од месецот Раби ул Евел според Лунарниот календар, кој оваа година се совпаѓа со ноќта која ги поврзува 11 и 12 декември според Грегоријанскиот календар.