Adem Demir
15 Март 2017•Ажурирај: 16 Март 2017
ИСТАНБУЛ (AA) – Градот Истанбул денеска го поништи протоколот за збратимување со холандскиот град Ротердам, јавува Anadolu Agency (AA).
Градското собрание на денешната седница седница едногласно ја изгласа одлуката со која е поништен претходно потпишаниот протокол за збратимување со Ротердам.
Потегот на градските власти на Истанбул следуваше како одговор на саботниот скандал кој се случи во Ротердам.
Холандските власти во сабота го откажаа гостопримството на шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, а истиот ден ја спречија и турската министерка за семејство и социјална политика Фатма Бетул Сајан Каја во намерата да го посети турскиот конзулат во Ротердам.
Полицијата ја депортираше министерката Каја во Германија, а турските граѓани се собраа пред конзулатот за да протестираат против таквиот чин. Полицијата во зградата на конзулатот ги држеше затворени турските дипломати, а со употреба на сила брутално интервенираше и на собраните демонстранти.
Скандалот предизвика остра реакција на официјална Анкара, а турските државјани протестираа пред холанските дипломатски претставништва во Турција и другите земји.