Ekipa
07 Август 2016•Ажурирај: 07 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - На „Митингот за демократија и загинатите херои" на кој ќе учествуваат претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим, претседателот на опозициската партијата ЏХП, Кемал Килилдароглу и претседателот на опозициската МХП Девлет Бахчели, граѓаните часови пред неговиот почеток почнаа да го исполуваат плоштадот Јеникапи, јавува Anadolu Agency (AA).
Граѓаните кои доаѓаат на митингот, ќе бидат проверени од поставените 165 детектори за метал и со подигнување на капи и знамиња ќе влезат на просторот за митинг.
Десно и лево од сцената поставени се подиуми со капацитет од 3.000 лица. Голем дел од протоколот е издвоен за семејствата на загинатите херои и ранетите.
- Ангажирани 15.000 полицајци -
Поради „Митингот за демократија и загинатите херои" кој ќе се одржува во Истанбул, ангажирани се 15.000 полицајци.
Местото на митингот и неговата околина, од море со бродови го обезбедува крајбрежната стража и поморската полиција, а во текот на митингот два хеликоптера од воздух ќе ги преземаат потребните безбедносни мерки.