Izzet Taskiran
11 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Поради неповолните временски услови во Истанбул, „Туркиш ерлајнс“ (THY) денес откажа 113 внатрешни и интернационални летови, јавува Anadolu Agency (AA).
На официјалната интернет-страница на „Туркиш ерлајнс“ е наведено дека на истанбулските аеродроми „Ататурк“ и „Сабиха Ѓокчен“ се откажани 113 летови во Турција и надвор од неа, поради неповолните метеоролошки услови, снег, мраз и силен ветер.
На патниците им се советува пред патувањето да го проверат статусот на летот преку интернет-страницата на компанијата.
На интернет-страницата на скопскиот аеродром е наведено дека е откажан утринскиот лет за Истанбул во 9:15 часот.