Melike Gallenkuş
22 Февруари 2017•Ажурирај: 22 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Судот во Истанбул го потврди обвинението што против 46-те осомничени лица го подигна државното обвинителство во тој турски град, по истрагата за терористичкиот напад што терористичката организација ДЕАШ го изврши на 28. јуни минатата година на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, јавува Anadolu Agency (AA).
Судењето на осомничените за учество во терористичкиот напад во кој загинаа 45, а ранети се 163 лица ќе се води на 2. Кривичен суд во областа Бакирќој.
Обвинението од 262 страници ги товари 46-те осомничени за обид за рушење на уставниот поредок, планирање убиство и членство во терористичката организација, а обвинителството бара да бидат изречени повеќе доживотни затворски казни во вкупно траење од 2.132 до 3.342 години.
Тројца извршители на минатогодишниот терористички напад на истанбулскиот аеродром се убиени за време на полициска акција, а за време на истрагата за тој напад се уапсени 46 лица кои се товарат дека помагале во неговото планирање и изведување.