Turgay Duyar
25 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
МАНИСА (АА) - Во акцијата против терористичката организација ФЕТО спроведена во 11 турски градови, приведени се 20 припадници на безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на истрагата на обвинителството во Маниса, акцијата е спроведена во Маниса, Анкара, Измир, Газиантеп, Бурса, Болу, Сивас, Усаку, Испарта, Коња и Баликесир.
Во акцијата се приведени 20 припадници на безбедносните сили разрешени од должност, од кои 18 полицајци, комесар и шеф на полициската станица.
Осомничените за кои е утврдено дека користеле систем за тајно комунуцирање „ БајЛок” се одведени во полициската станица во Маниса, со цел да бидат процесуирани.