АНКАРА (АА) – Портпаролот на претседателството на Турција, Ибрахим Калин, одржа прес-конференција во претседателската палата, на којашто изјави: „Најостро го осудуваме терористичкиот напад во Њујорк. Без оглед на тоа во име на што и во чие име е направено, таквите терористички напади немаат место во човештвото и затоа без двоумење би сакал да кажам дека најостро го осудуваме овој акт“, јавува Anadolu Agency (AA).
- Очекувања да се продолжи понатаму поставувајќи го референдумот во непостоечки рамки -
Во врска со нелегитимниот референдум организиран од страна на Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак, портпаролот Калин одговори:
„Сите очекуваат раководството во Ербил да го постави референдумот во непостоечки рамки и да продолжи по својот пат“.
- „Претседателот на државата не може да го нарекувате ‘диктатор и фашист’ -
Калин се осврна и на заменикот претседател на турската опозициска Републиканска партија (ЏХП), Булен Тезџан, против кого вчера претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, поднесе кривична пријава за кривично дело: навредување на претседателот на државата.
„Вакви изјави, во коишто претседателот се нарекува диктатор, се срамен чин, пред сѐ, за главната опозициска партија во Турција. Оние што не се во состојба да се занимаваат со политика, кои ги истрошија своите политички резерви, преку изјави се обидуваат да си создадат политички простор. Ова е непочитување на волјата на народот. Не можете претседателот кој е избран од народот со 52 отсто од гласовите да го нарекувате ‘диктатор и фашист’. Тоа е непочитување на милиони државјани на оваа земја кои го дале својот глас и непочитување на нивната слободна волја“, порача портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.
- „Трансферот на овластувањата врз Неџирван Барзани открива една нова слика“ -
Во врска со тврдењата дека Неџирван Барзани, премиерот на Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак, побарал средба со претседателот на Турција, Ердоган, Калин изјави:
„Знаете дека во минатото, во разни пригоди, претседателот на Турција се сретна со премиерот на Регионалната курдска управа Неџирван Барзани по оставката на ирачкото локално раководство. Откако не е продолжена функцијата на Месут Барзани, трансферот на овластувањата врз Неџирван Барзани открива една нова слика. Се разбира дека овие барања ќе се разгледаат, со дискреција на претседателот. Доколку самиот процени дека е соодветно, во соодветно време и на соодветен простор би се одржала средба. За такво нешто сѐ уште е потребно раководството од Ербил да направи одредени чекори“.
- „Не прифаќаме во никаков сличај“ -
Во врска со поканата на Русија во Астана да биде повикана и ПЈД, портпаролот Калин изјави:
„Вчера бевме информирани од нашите пријатели дека сме ставени пред свршен чин во врска со ова, на што ние веднаш поведовме иницијатива и ја испративме нашата реакција. Се разбира дека такво нешто не е прифатливо во никаков случај“.
news_share_descriptionsubscription_contact
