Ekipa
20 Септември 2017•Ажурирај: 21 Септември 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Карлес Пучдемон, претседател на Каталонија, изјави дека Шпанија покажува тоталитарен став со апсењето на каталонските официјални лица и регионални службеници, но вети дека референдумот за независноста ќе се одржи, без оглед на судското предупредување да не се стори тоа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пучдемон денес се појави со членовите на својата влада, по неколку апсења за време на операцијата што и понатаму трае, предводена од Цивилната гарда на Шпанија. Меѓу упасените се и Жозеп Марија Џоув, генерален секретар за економски работи, и каталонскиот потпретседател Ориол Жункуерас.
Каталонскиот лидер нагласи дека полициските акции се незаконски и оти имаат за цел да ги спречат Каталонците да излезат на референдумот на 1 октомври.
Гласањето за независноста на Каталонија е суспендирано од Уставниот суд на Шпанија, додека судиите да ги разгледаат тврдењата на централната влада дека тоа е нелегално.
Пучдемон нагласи и дека потезите на централната влада водат кон суспензија на каталонската самоуправа.