ТИРАНА (АА) - Шефот на дипломатијата на САД, Џон Кери, по средбата со премиерот на Албанија, Еди Рама, излегоа со заедничка изјава за медиумите. Кери порача дека Албанија се движи во вистинската насока а исто така го пофали придонесот на Албанија во борбата против тероризмот, глобалната војна против ДАЕШ и консолидирањето на односите помеѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Кери во почетокот на својот говор се заблагодари за гостопримството:
„Претседателот Обама, јас и американскиот народ сме многу благодарни за напорите на вашиот тим. Тука сум бидејќи ние сме пријатели, ние сме сојузници и имаме големи заеднички интереси и имаме формирано посебен корелација во нашите односи. Ние работиме во време на огромни глобални предизвици и Албанија ги сфати овие предизвици”, изјави шефот Кери.
Главниот американски дипломат потврди дека на безбедносната конференција во Минхен фокусот беше ставен на ситуацијата на Средниот Исток и потребата да се порази терористичката група ДАЕШ.
„Ние знаеме дека поразот на ДАЕШ бара широка коалиција и Албанија е еден од основачите на оваа коалиција. Застана зад нас во Авганистан, во долгата борба за да се избегнат насилните крајности. Албанија не е само пријател, но е членка на НАТО и тоа носи посебни обврски за овој регион. Албанија се движи во вистинската насока. САД се со вас во оваа трансформација и ова патување, но на крајот, само Албанците можат да ги усвојат соодветните закони. Албанија постигна значаен напредок”, додаде Кери.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, рече дека оваа посета најдобро ја започнува прославата на 25-годишнината од возобновувањето на дипломатските односи помеѓу двете земји. Рама потврди дека Албанија ќе ја зацврсти соработката со САД за просперитет во регионот. Премиерот Рама, во врска со бегалската криза стави акцент на потребната интеракција помеѓу земјите и дека интеграцијата на Балканот во ЕУ да не се смета како рутина.
„Без САД, ни Албанија, ниту Албанците немаше да бидат повеќе почитувани, од било кога досега во својата историја. Особено разговаравме за реформата на судство. Им се заблагодарувам на САД за големата помош што ја даваат на овој пат на реформите. Нашата заедничка цел е март да биде месец на изгласување на пакетот уставни измени во Парламентот. Ние ќе продолжиме да работиме заедно во НАТО и во другите меѓународни организации. Нашите војници ќе продолжат со мисијата во Авганистан сè додека е потребно. Ние, исто така, разговаравме за нивото на терористичка закана. Го информирав Кери за мерките што се преземени од страна на Албанија во оваа насока”, рече Рама.
Шефот на албанската влада, исто така, истакна дека сака и Република Македонија, во најкраток можен рок, да биде ослободена од застојот на патот кон НАТО. Тој додаде дека треба да продолжи дијалогот помеѓу Косово и Србија, што според него е единствениот начин за постигнување успех.
Кери се сретна и со својот албански колега, Бушати, како и со лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша.
news_share_descriptionsubscription_contact


