Sibel Vezaj
01 Септември 2016•Ажурирај: 01 Септември 2016
ПРИШТИНА (АА) - Стотици граѓани се собраа во главниот град на Косово, на плоштадот „Ибрахим Ругова”, да протестират против ратификацијата на договорот за државната граница меѓу Косово и Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестот организиран од движењето „Самопределување”, започна мирно, протестантите се собраа пред зградата на Собранието на Република Косово, којашто е опкружена од многу полицајци.
Протестантите извикуваа „ долу Влада”, „Договорот не поминува”, „Земјата е наша, не на Владата”, „Ругова е Косово, Косово не се продава”, а во рацете држеа знамиња на Албанија и Дарданија, а некои од нив имаа и американски знамиња.
После ова, граѓаните се упатија кон улицата „УЧК” зад Собранието, којашто се наоѓа во близина на просториите каде што се одржува пленарната седница за ратификација на договорот за демаркација. Протестантите се обидоа да се приближат до Собранието, но беа спречени од страна на специјалните единици.
„Српската листа” потврди дека нејзините пратеници нема да присуствуват на седницата поради безбедносни причини.
Движењето „Самоопределување” на својот официјален профил на Фејсбук информираше дека пратеничката на оваа партија, Доника Кадај-Бујупи и заменик председателката на Собранието на Косово, Аида Дргути, се приведени од страна на полицијата. Нема информации за причините на нивното приведување.