Zeynep Hilal Karyağdı
23 Октомври 2018•Ажурирај: 24 Октомври 2018
РИЈАД (АА) - Саудискиот крал Селман бин Абдулазиз и престолонаследникот, принцот Мухамед бин Селман, ги примија на средба двата сина на саудискиот новинар Џамал Кашоги, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на саудиската државна новинска агенција СПА, кралот Селман бин Абдулазиз и принцот Мухамед бин Селман во палатата Јемаме во Ријад се сретнаа со Сехл и Салах, двата сина на Кашоги.
Кралот и принцот упатија сочувство до синовите на Кашоги, до неговото семејство и блиските, на што синовите Сехл и Салах се заблагодарија.
Кралот Селман и принцот Мухамед пред два дена преку телефон му изразија сочувство на Салах.