Kemal Zorlak
04 Јуни 2016•Ажурирано: 05 Јуни 2016
САРАЕВО (AA) – Во присуство на турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш, денес во Сараево е одржана свечана церемонија по повод испраќање на осмата генерација на дипломирани студенти на Интернационалниот универзитет во Сараево (IUS), јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш во своето обраќање истакна дека Интернационалниот универзитет во Сараево е една многу успешна приказна и додаде дека од основањето на универзитетот пружа поддршка на оваа образовна институција.
Зборувајќи за тоа како настанала идејата за основање на IUS, Куртулмуш истакна дека тогаш во БиХ беше потребен уште еден универзитет.
„Не е потребно да се зборува за важноста на Балканот. Османлиското царство на овие простори владееше 600 години. На ова широко географско подрачје почни шест векови во мир и заедништво живееле Бошњаците, Албанците, Србите, Хрватите, Турците, Бугарите, Романците, Ромите но и други луѓе. Живееле луѓето од различни вери. За жал пред точно еден век, мирот, пријателството, заедништво и почитување кон другите вери исчезна", порача Куртулмуш.
Додаде дека во тоа време, за жал, дојде до разделување на Турците и Бошњаците, Албанците и други балкански народи.
„Заедно живеевме цели 600 години. Нашето разделување исто така траеше долго. Фала му на Бога Турција повторно се обединува со балканските народи, повторно е рамо до рамо со Бошњаците, Албанците и другите балкански народи", рече Куртулмуш.
Обраќајќи се до дипломираните студенти на IUS, Куртулмуш истакна дека Балканското подрачје им дава една многу важна лекција.
„Терминот балканизација значи делење и разделување. Но ние нема да бидеме од оние кои разделуваат, одвојуваат и ги делат луѓето. Како што не учеле нашите предци, ние ќе бидеме оние кои ги обединуваат и ги собираат луѓето", рече Куртулмуш.
Куртулмуш во своето обраќање го спомна и првиот претседател на Претседателството на БиХ Алија Изетбеговиќ, кажувајќи дека неговата најважна карактеристика беше што ниту во најтешките моменти не отстапуваше од своите идеали.
На присутните им се обрати и ректорот на IUS, проф. др. Јуџел Огурлу, кој упати честитки до дипломираните студенти, како и до присутните родители.
Честитки упати и претседателот на Фондацијата за развој на образование на Сараево Хасан Топалоглу.
По поздравните говори на церемонијата, следуваше заедничко фотографирање и фрлање на капите во воздух.
Признанијата се врачени на 231 дипломирани студенти, од тоа 167 додипломци, 59 дипломи за пост-дипломци и пет дипломи на доктори на науки. Денес е порачано дека сите се собрале за да го одбележат крајот на еден важен и почеток на нов период во животите на младите луѓе.
Покрај вицепремиерот Куртулмуш, беа присутни и амбасадорот на Турција во БиХ Џихад Ергинај, претседателот на Фондацијата на Интернационалниот универзитет во Сараево (IUS) Хасан Зухри Саркија, претседателот на Фондацијата за развој на образование на Сараево Хасан Топалоглу, градоначелник на општина Илиџа Сенаид Мемиќ, членовите на раководството, професори и студенти, како и многобројни родители, пријатели и гости.
Интернационалниот универзитет во Сараево (IUS) е основан 2003 година и е еден од најголемите образовни проекти во регионот на Балканот. Основан е од страна на Фондацијата за развој на образование на Сараево, а покренат е во академската 2004/2005 година. Овој универзитет е отворен за студентите од целиот свет, додека како јазик на комуникација се користи англискиот јазик. Студентите кои не поседуваат соодветно знаење на англиски јазик посетуваат едногодишна интензивна програма за учење на англиски иазик во рамките на Школата за англиски јазик (ELS).