Aşkın Kıyağan
30 Јуни 2018•Ажурирај: 01 Јули 2018
ВИЕНА (АА) - Церемонијата по повод преземањето на шестмесечното претседавање со ЕУ е одржана денес во австрискиот град Шладминг, јавува Anadolu Agency (AA).
Австрија утре од Бугарија ќе го преземе шестмесечното претседавање со ЕУ, а едни од приоритетите на државата ќе бидат миграциите и приближувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ.
На свеченоста по повод овој чин присуствуваа премиерите на Бугарија и Австрија, Бојко Борисов и Себастијан Курц, и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Курц, во обраќањето на присутните ѝ се заблагодари на Бугарија за активностите за време на шестмесечното претседавање со ЕУ.
Како што кажа тој, Австрија, за време на нејзиното претседавање ја чекаат тешки теми како Брегзит, односите на Русија и ЕУ, како и последните случувања во САД.
Турск ѝ посака на Австрија успешно претседавање, наведувајќи дека оваа земја се наоѓа во срцето на Европа и дека ќе прави мостови меѓу Западот и Истокот.
Борисов изрази подготвеност на Австрија да ѝ пружат секаков вид поддршка за време на нејзиното претседавање со ЕУ. Тој истакна дека Австрија за овој период го избрала слоганот „Европа која штити“.
По говорот, Борисов на Курц му го врачи знаменцето на ЕУ, со што официјално го предаде претседавањето со ЕУ.
Ова е третпат Австрија да претседава со ЕУ. Истата улога претходно ја имаше во 1998 и 2006 година.