Besar Ademi
28 Јануари 2016•Ажурирано: 29 Јануари 2016
СКОПЈЕ (AA) – 90 посто од компаниите на автошколи во Македонија веќе три недели протестираат како знак на револт против новиот закон за автошколи, кој предвидува поставување на камери во автомобилот во текот на обука на кандидатите, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставници на автошколи веќе три недели организираат неколку протести пред зградата на Владата на Република Македонија, блокирајќи го патот со своите возила, во меѓувреме предупредуваат дека ќе ги блокираат и другите патишта во Скопје, доколку надлежните органи не ги преземат потребните мерки.
Претставниците на автошколите во Македонија денеска остварија средба со претставниците на Европската унија, каде ги презентираа своите очекувања и фактите за ситуацијата во која се наоѓаат со донесувањето на новиот Закон за автошколи. По средбата, претседателот на Здружението на Автошколи, Јонче Апостоловски рече дека почнувајќи од 8 јануари до денес 90 посто од автошколите ја бојкотираат обуката на кандидати, додавајќи дека по сите овие денови на бојкот не биле прифатен од страна на надлежните органи за да разговараат за законот.
"Членот од законот во кои што ние иамме проблем, не се применува во која била земја од Европска унија, ниту во и во земјите кандидати за членство во Европската унија. Ние сме први во тој дел кој што применуваме ваква обука на кандидатите за возачки со вклучена камера во лице. Ние ќе продолжиме со протестите, бидејќи не може да функционира на тој начин ", рече Апостоловски.
Сопственикот на една од автошколите и претставник на Здружението на автошколи, Џемил Арифи, предупреди дека ќе продолжат да го блокираат патот пред зградата на Владата, а за следната недела тој рече дека ќе го блокираат две главни крстосници во градот.
"Ние ги известивме надлежните органи, Министерството за внатрешни работи, дека ќе блокираме две главни раскрсници во Скопје. Денес бевме во канцелариите на ЕУ и ние сме задоволни од тоа што ова е првата институција која не прифати, бидејќи до сега не можевме да зборуваме со никоја друга државна институција за проблемите кои лијаат на сите нас", изјави Арифи.
Арифи додаде дека снимањето на кандидати во текот на обуката ја нарушува приватноста на граѓаните и, исто така, претставува голем трошок за нивните компании.