Admir Fazlagic
12 Јули 2018•Ажурирај: 13 Јули 2018
СКОПЈЕ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во Брисел одржа заедничка прес-конференција со премиерот на Република Македонија Зоран Заев и официјално му ја врачи поканата за почеток на пристапни преговори со НАТО Алијансата, јавува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг истакна дека на премиерот Заев официјално му го врачи писмото со кое Владата во Скопје се поканува за почнување на пристапни преговори за членство во НАТО Алијансата.
„Само што го потпишав писмото со кое го информирав премиерот Заев за одлуката на НАТО да ја покани неговата влада во Скопје да отпочнување пристапни преговори со Алијансата. Ова следуваше по вчерашната одлука на лидерите на земјите сојузнички. Долги години, припадниците на вашите вооружени сили учествуваа во мисии на Алијансата, помагајќи во обезбедубањето мир и безбедност во Авганистан", изјави Столтенберг.

Тој додаде дека НАТО покажа дека вратата за влез во Алијансата е и останува отворена и се осврна на постигнатиот Договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името.
„Договорот за прашањето за името што го постигнавте со Грција ја отстрани пречката за отворање на пристапните разговори. Знам дека компромисите беа тешки за двете страни. Но, верувам дека договорот е во најдобар интерес за вашата земја и за поширокиот регион. Ви честитам вам и на сите останати кои беа вклучени, за нивната политичка храброст. И за нивната посветеност кон подобра иднина. Ова беше пресуден чекор напред кој го отвори патот за вашата земја да стане полноправна членка на НАТО", истакна Столтенберг.
Тој додаде дега сега ќе започнат детални пристапни преговори, со цел, како што рече, да ѝ се помогне на земјата да ги направи финалните подготовки за полноправно членство.
Столтенберг истакна дека сака да ја види земјата во срцето на еден стабилен, демократски и просперитетен регион.
- Заев: Ова е историска одлука за иднината на мојата земја
Премиерот Заев истакна дека денеска е историски момент во седиштетот на НАТО по повод поканата, Македонија да ги почне пристапните преговори за членство во Алијансата.
„Ние денеска не криеме дека сме многу горди и благодарни на одлуката на нашите сојузници да започнат преговори за пристап за полноправно членство на нашата земја во Алијансата. Тоа е историска одлука за иднината на мојата земја и за нашите граѓани. Оваа одлука е признание за нашата посветена работа повеќе од две децении. Ова е признание за работата на сите македонски политичари од независноста до денеска. Признание за нашите институции и за сите политички партии. Ова е призание за сите граѓани, граѓанското општество и за сите останати кои трппеливо го чекаа овој ден", изјави Заев.

Тој рече дека Република Македонија и досега активно учествуваше во НАТО мисиите.
„Заедно со Алијансата нашата земја активно придонесува во мисиите на сузбивање на глобалните закани, терористичките закани како и заканите што доаѓаат од насилен екстремизам", рече Заев.
Информираше дека соодветно на стандардите и препораките на НАТО, подготвена е Национална стратегија за одбрана.
„Бидете уверени дека нашето членство во НАТО уште повеќе ќе ја консолидира демократијата во регионот и ќе ја зголеми стабилноста и безбедноста и ќе служи како позитивен пример за Западен Балкан", порача Заев.
Тој истакна дека силната заложба на Владата за решавање на отвориените прашања со земјите соседи даде конкретни резултати и изрази посебна благодарност до неговите колеги, премиерот на Република Грција, Ципрас и премиерот на Република Бугарија, Борисов, за споделувањето на истата визија.
Премиерот Заев се осврна и на најавениот референдум кој треба во Македонија да се одржи наесен.
„Следен чекор за нас е организаицјата на референдумот како највисок демократски израз на политичка волја на македонскиот народ и на и сите граѓани во нашата земја, чин, кога ние граѓаните ќе кажеме 'да' за нашата иднина", истакна македонскиот премиер.
Претходно денеска, Столтенберг одржа прес-конференција на која беше прашан од новинарите дали е загрижен поради случајот со протерувањето на руските дипломати, односно за она што се случи во Грција или евентуално мешање во рефередумот во Македонија, Столтенберг одговори: „Кога станува збор за ФИРОМ, секое мешање од други земји е неприфатливо, ние го поздравивме Договорот меѓу Скопје и Атина, Ова е можност која е јавува еднаш во животот за влез на ФИРОМ во НАТО и новото име Република Северна Македонија", истакна Столтенберг.