Besar Ademi
02 Февруари 2016•Ажурирано: 03 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Дирекцијата за заштита на личните податоци во соработка со факултетите за информатички науки и компјутерско инжињерство го организираат годишниот форум за заштита на лични податоци за земјите од Западен Балкан кои за прв пат се реализира во Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставници од Македонија, земјите од Западен Балкан и од норвешката заштита на личните податоци, разговараа за Сloud Сomputing и Cyber Security, (сајбер безбедноста), кои имаат големо влијание на брзиот напредок на технологијата и употребата на нови технологии во обработка на лични податоци.
Директор за заштита на личните податоци, Горан Трајковски, рече дека овој настан во поддршка на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, ќе овозможи создавање на регионална мрежа за соработка меѓу органите за заштита на личните податоци.
"Факт е дека технологијата го прави своето и ни донесе заедно во оваа земја. Ние веруваме дека тоа нема да остане само во знак на првиот регионален форум, но ќе остане традиција за земјите од Западен Балкан, но и пошироко ", рече Трајковски.
Министерката за информатичко општество и администрација (МИОА), Марта Арсовска Томовска, соопшти дека МИОА работи на систем на интеракција во која 25 државни институции на дневна основа праваат размена на милиони лични податоци. Таа додаде дека мерките и стандардите за безбедност на информации мора да бидат исклучително високи.
"Заштитата на личните податоци во сегашно време е важна тема, затоа што денес ние практично живееме и работиме во еден дигитален свет, особено во обезбедувањето на јавните услуги, дека институциите на државата ги вршат преку граѓаните, мора да биде исклучително безбедно" рече Aрсовска Томовска.
На форумот, исто така, беше промовиран веб-сајтот "DeleteMe.mk" со кој на граѓаните им се овозможува на поефикасен начин да се соочат со уривање на приватноста при користење на социјалните мрежи.
Норвешкиот комесар за заштита на личните податоци, Бјорн Ерик Тон, рече дека во Норвешка овој веб-сајт функционира уште од 2011 година и овие години им помогна на илјадници луѓе да ги избришат личните податоци објавени на социјалните мрежи.
"Овој проект не е важен само за Македонија, но исто така е важен и за државните институции на други земји. Ова е еден добар ден за граѓаните на Македонија, затоа што тие сега имаат место каде да побараат помош ", вели Ерик Tон.
Форумот е дел од проектот "Постојана поддршка за зајакнување на системот за заштита на личните податоци", кој се спроведува во Дирекцијата за заштита на личните податоци во поддршка на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.