Admir Fazlagic
04 Октомври 2016•Ажурирај: 04 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Сертификат на Светскиот поштенски сојуз (СПС) за квалитет на услугата за првпат му беше врачен на генералниот директор на АД „Македонска пошта“ Фаадис Реџепи на свечената церемонија на 26-от Конгрес на Светскиот поштенски сојуз што се одржува во Истанбул, Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA)
„Ова е доказ дека Македонска пошта се движи во добра насока, истото воедно е и дополнителна мотивација за вработените и менаџерскиот тим на Македонска пошта за продолжување со понатамошно развивање на услугите. Развојот на нашите услуги е добар бенефит за нас, нашите корисници и за поштенските управи од другите земји", се вели во соопштението од А.Д „Македонска пошта".
Процесот за добивање на Сертификат беше спроведен според методологијата за сертификација и стандардните практики за ревизија на СПС.
Сертификатот за квалитет се доделува врз основа на извештајот на консултантот на СПС Ела Челик која во периодот од 29 јуни до 1 јули беше во посета на Македонска пошта и изврши проценка за квалитетот на услугата.