Bekim Laci
09 Јули 2016•Ажурирај: 10 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за внатрешни работи (МВР) на прес-конференција откри детали во врска со денешната акција на полицијата во која се уапсени четири лица од кои три од Скопје и едно од Тетово, додека три други лица биле недостапни за полицијата, а кои се осомничени за учество во војните во Сирија и Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на МВР, Дејана Недељковиќ рече дека станува збор за продолжение на акцијата Ќелија додека за осомничените рече дека сите се македонски државјани на возраст меѓу 23 и 38 години. Недељковиќ наведе дека тие се уапсени поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело учество во „терористичка организација“, односно припадник или тој што помага на било кој начин по член 394-а став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Недељковиќ рече дека уапсените пред долго време се вратиле во Македонија од земјите каде што се војува, додавајќи дека апсењето се вршело по осигурувањето на материјалните докази.
„Информациите покажуваат дека учествувале во војните на територијата на Сирија и Ирак, а потоа се вратиле во Република Македонија. По потврдување на сомневањата извршени се рации за да се обезбедат материјални докази и апсења на луѓе ", рече Недељковиќ и додаде дека Министерството за внатрешни работи нема информации дали групата планирала терористички акции во Македонија, но како што наведе, нивното искуствово борбите несомнено би можело да претставува закана за земјата и надвор од неа.
Според неа, од вкупно седум лица пријавени пет се од Скопје, едно лице е од Тетово и едно од Куманово.
Четворица од нив се приведени и изведени пред истражен судија и за нив е доставен предлог за определување мерка притвор во траење од 30 дена. Едно од лицата е во бегство, а за останатите двајца постојат оперативни сознанија дека се уште се наоѓаат на територија на Сирија.
„За време на рациите, од кои шест беа спроведени во Скопје и една во Тетово биле пронајдени и запленети разни алатки, пет компјутери, два лаптопа, 19 мобилни телефони, девет SIM картички, USB, маска за заштита, маица со натпис 'Нека е вечна исламската држава' и документи кои ќе бидат предмет на истрага" додаде портпаролката Недељковиќ.
Министерството за внатрешни работи на Република Македонија најави повеќе информации во текот на денот.