МВР: Откриени двајца илегални мигранти кај Демир Капија
МВР: Откриени двајца илегални мигранти кај Демир Капија
Лицата, како што соопшти денес МВР, се откриени вчера околу 22:45 часот во близина на Демир Капија кај Прждевскиот споменик на автопатот во правец Гевгелија-Скопје
Ivana Ramadanova
21 Мај 2016•Ажурирано: 22 Мај 2016
Skopje
СКОПЈЕ (АА) - Двајца илегални мигранти од Пакистан се откриени вчера во багажник од возило кое го управувало 23-годишен Скопјанец, јавува Anadolu Agency (AA).
Лицата, како што соопшти денес МВР, се откриени вчера околу 22:45 часот во близина на Демир Капија кај Прждевскиот споменик на автопатот во правец Гевгелија-Скопје.
Возилото било управувано од Н.Н кој е приведен и задржан во полициска станица. Против него ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.
Мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци.