Admir Fazlagic
24 Мај 2016•Ажурирано: 25 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Вчера во раните утрински часови мешан патролен полициски тим во близина на гевгелиското село Смоквица, при контрола на возило со странски регистарски ознаки пронашол 31 мигрант, соопшти Министерството за внатрешни работи на Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„На 23.05.2016 година околу 05.50 часот од страна на патролен тим составен од УПС од ПС за ГН и ГП Богородица и УПС од Р.Словенија, на автопатот помеѓу с.Прдејци и с.Смоквица во правец на Скопје било забележано ТМВ марка „Рено“ со белгиски регистарски ознаки. При обид да биде извршена контрола над истото возачот застанал по што веднаш се дал во бегство. При прегледот во возилото пронајдени се 31 мигрант и тоа 28 од Пакистан и тројца од Индија со нелегален влез од Р.Грција во Р.Македонија", се наведува во соопштението на МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Гевгелија. Лицата се приведени во полициска станица Богородица за понатамошна постапка, соопшти МВР.