?kipa
18 Април 2018•Ажурирај: 18 Април 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел ќе престојува на 27 април во официјална посета на Вашингтон, во чии рамки ќе се состане со американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на германската Влада, Улрике Демер, изјави дека лидерите на САД и Германија ќе разговараат за билатерални прашања, како и за предизвиците на надворешната и безбедносната политика.
Информацијата за посетата на Меркел ја потврди и Белата куќа, откаде соопштија дека во Вашингтон, три дена претходно, на 24 април, ќе престојува претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Макрон и Меркел настојуваат да го сочуваат Договорот за Иранската нуклеарна програма кој во 2015 година светските сили го постигнаа со Техеран. Трамп се закани дека ќе се повлече од тој договор до 12 мај, освен ако не се поправат, како што напомена, сериозните пропусти.
Најавата на Трамп дека ќе воведе такси на увоз на челик и алуминиум предизвика големи тензии со ЕУ, а особено со Германија. Макрон и Меркел сакаат да се уверат дека САД ќе ја исклучат ЕУ од тие такси.