БЕЛГРАД (АА) - Федерика Могерини, високата претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика во своето обраќање на првата пленарна седница на 22 министерски самит на Организацијата за европска безбедност и соработка (OSCE) нагласи дека соработката е таа која ќе изгради безбедност и мир во Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Могерини додаде дека Европа мора да биде обединета во борбата со тероризмот и миграциската криза, како и дека мора да направи се за да се запре граѓанската војна во Сирија, со што би бил решен голм дел од денешните проблеми.
"Терорирзмот е директна закана за сите земји. Париз, Анкара, Истанбул или авионот кој леташе од Сант Петерсбург, а кој е соборен над Египет, се се тоа трагични последици на тероризмот. Во борбата против ДАЕШ мораме пред се да ја запреме граѓанската војна во Сирија. Во Виена го пронајдовме вистинскиот пат за напредок во тој правец, но мораме да постигнеме таа рамка да ја спроведеме на дело. Светот нема да најде изговори доколку бидеме поделени поради краткорочните интереси. Имаме одговорност кон нашите граѓани да се заврши војната во Сирија. За време на нашите дискусии во Белград ќе имаме можност да ја продолжиме нашата соработка", истакна Могерини.
Таа наведе дека проблемите во Сирија доведоа до проблеми во Европа. Могерини истакна дека "никој поединечно не може да одговори на тој предизвик" .
"Само со соработка можеме да се бориме со историскиот прилив на толку голем број луѓе. Договорот за нуклеарното наоружување со Иран ни дава право на оптимизам кога е во прашање заедничкото делување, без оглед на сите разлики" , рече Могерини.
Високата претставничка на ЕУ се осврна и на украинската криза. Истаккна дека таму е на сила примирје кое генерално се почитува , но дека не е добро што сеуште не се повлечени меѓународните сили и што во одредени делови на Украина луѓето не можат да си ги остварат своите основни права.
"Мораме да работиме на нашите разлики. Поединечни области кои треба да бидат под контрола на легитимните власти во Украина , моментално не се тоа. Цивилите се во многу тешка ситуација. Мораме да најдеме решение и кое ќе го поддржи правото на Украина на сувренитетот и територијалниот интегритет. OSCE му се посвети на овој проблем и доста од тоа е направено. Локалните избори во Доњецк и Лугањска се одржани под надзор на набљудувачите на OSCE, но ние имавме и одредени проблеми", оцени Могерини.
Таа наведе дека на набљудувачите мора да им се дозволи пристап секаде.
"Европската Унија е загрижена поради многу малиот напредок во горниот Карабах и Грузија каде и понатаму постојат конфликти. Мораме да ги вклучиме сите страни во пронаоѓање на решение. Не можеме никаде да имаме одржлив мир без почитување на човековите права. OSCE и нејзините институции мораат да бидат независни во спроведувањето на принципите на кои оваа организација се обврза. Важно е и да се зголеми довербата помеѓу државите членки на OSCE-a кои се на спротивни страни. Не сме далеку од тоа мирот да владее на нашиот континент. Соработката е таа која ќе ја донесе нашата глобална безбедност и стабилноста" ,смета Могерини.
Првата пленерарна седница на министерскиот самит на OSCE во Белград ја отвори претседавачот Ивица Дачиќ, министерот за надворешни работи на Србија, а во име на домаќинот се обрати премиерот Александар Вучиќ.
За време на самитот, освен двете пленарни седници, најавени се и низа билатерални состаноци за што во " Комбанк арената" посебно се опремени неколку простории.
Ќе бидат одржани и два приеми за сите гости на самитот, еден официјален и друг неформален, а домаќини ќе бидат Вучиќ и Дачиќ.
За Србија ова е најголем политички настан од 1989 година и самитот на неврзаните зејми кој е одбележан во Белград. Трошоците на министерскиот самит на OSCE-a изнесуваат околу три милиони евра и речиси во целост ги покри Србија. OSCE за овој настан осигура 500.000 евра.
news_share_descriptionsubscription_contact
