Murat Unlu
19 Ноември 2015•Ажурирај: 20 Ноември 2015
ПАРИЗ (АА) – Абделхамид Абауд, за кој се смета за налогодавач и мозок на терористичките напади во Париз, е убиен во вчерашната полициска акција во главниот град на Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација ја потврди француското обвинителство, откако полицијата вчера започна акција против осомничените за неодамнешниот терористички напад во Париз. Во тек на акцијата во Сан Дениз, дошло до судир со терористите.
Се претпоставува дека во судирот со полицијата, Абделхамид Абауд, е убиен од снајпер, додека една жена се самоубила активирајќи експлозив врз себе. Притоа ранети се тројца полицајци.
Вчера неколку лица се приведени, а полицијата и војската го блокираа центарот на Сен Дениз. Во терористичкиот напад од 13-ти ноември во Париз убиени се 129 лица а ранети 352 лица. Во нападите на шест локации загинаа седуммина напаѓачи. Одговорноста за нападот ја презеде Даеш.