Ayşe Aktaş
22 Ноември 2017•Ажурирај: 23 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Марзуки Дарусман, претседател на Меѓународната независна истражна мисија за Мјанмар, истакна дека мјанмарската Влада сѐ уште не дозволува неговата екипа да влезе во оваа држава, за да ги истражува прогонствата извршени над араканските муслимани (Рохинџа) од страна на безбедносните сили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција „Kyodo“ (Кјодо), Дарусман одржа прес-конференција во индонезискиот главен град, Џакарта, за да го претстави извештајот на организацијата „Amnesty International“ насловен „Кафез без покрив: Апертхејдот во Мјанмарската држава Аракан“.
„Владата на Мјанмар сѐ уште не е подготвена да се соочи со нас. Верувам дека на крајот на краиштата ќе се сретнеме, и нештата ќе ги слушнеме од нивен аспект“, рече тој.
Дарусман вели дека администрацијата на Нејпидо сѐ уште не дала дозвола за влез на неговата екипа во државата. Истражната мисија сака да ги испита случувањата во Аракан. Тој пренесе дека покрај тоа, тие продолжуваат со работа, и дека направиле интервју со араканските муслимани во Бангладеш.
„Amnesty International“ вчера го објави извештајот каде што се сумирани доказите собрани во период од две години. Долгорочната дискриминација и прогонство на араканските муслимани во извештајот се опишани како „нечовечен апартхејд“.