Aldıjana Hadzıc
26 Февруари 2016•Ажурирај: 28 Февруари 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските случувања што се случиле на денешен ден, издвојуваме:
1802 - Роден е францускиот писател, активист и политичар Виктор Хуго, претставник на романтизмот. Неговото најпознато дело е „Sвонарот на Богородичната црква во Париз”.
1815 - Наполеон Бонапарта избега од островот Елба на кој беше заробен помалку од една година.
1846 - Роден е Вилијам Коди, попознат како Бафало Бил, трагач и ловец на бизони и платеник на американската војска.
1870 - Во Њујорк за јавноста е отворена првата пневматска подземна железница во САД.
1914 - "HMHS Britannic", бродот близнак на Титаник заплови од бродоградилиштето "Harland & Wolff" во Белфаст, Северна Ирска.
1919 - Американскиот Конгрес го прогласи Големиот Кањон за национален парк.
1932 - Роден е американскиот кантавтор Џони Кеш.
1935 - Роберт Ватсон - Ват во близина на Давентри, во Велика Британија го изведе „Експериментот од Давентри”, кој директно претходеше на создавањето на радарот во таа земја.
1936 - Адолф Хитлер ја отвори фабриката "Volkswagen".
1952 - Премиерот на Обединетото Кралство, Винстон Черчил објави дека неговата земја развила атомска бомба.
1984 - Воените сили на САД се повлекоа од Бејрут каде, по наредба на тогашниот американски претседател Роналд Реган од 1982 година, беа во мировна мисија.
1993 - Во напад на Светскиот трговски центар во Њујорк, при кој експлодираше автомобил бомба, загинаа седум а беа ранети над илјада луѓе.
2004 - Во авионска несреќа покрај Мостар загина тогашниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски и членовите на неговата делегација.