Aldıjana Hadzıc
14 Март 2016•Ажурирај: 15 Март 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските настани кои се случиле на денешен ден, издвојуваме:
1794 - Американскиот пронаоѓач Ели Витни патентираше машина за чистење памук. Оваа машина механички го одвојува семето од памукот и прочистува 50 пати повеќе памук дневно, отколку што може да исчисти рачно едно лице.
1835 - Списанието "Даница" во 1835 година ја објави песната на Антун Mихановиќ "Хорватска домовина", која подоцна стана хрватска химна.
1879 - Роден е физичарот и добитникот на Нобеловата награда, Алберт Ајнштајн. Тој откри голем број основни закони на природата а особено е познат по неговата теорија на релативноста.
1883 - Почина филозофот Карл Маркс. Неговите најпознати дела се "Комунистичкиот манифест" и "Капитал".
1932 - Роден е поет Мирослав Антиќ. Голема популарност стекна со збирка на поезија за деца „Синото перче“.
1994 - Презентирана е првата верзија на оперативниот систем Linux, кој е именуван по авторот Линус Торвалдс.
1997 - Во авионска несреќа што се случи во североисточниот дел на Иран, загинаа 80 луѓе.
1997 - Почина писателот Алија Исаковиќ. Остави голем број на дела меѓу кои се "Бисери", "Ходољубље", "Хасанагиница". Исаковиќ во 70-тите години на минатиот век ја доби Шестоаприлската награда.