Abdulselam Durdak
08 Јули 2017•Ажурирај: 09 Јули 2017
ХАМБУРГ (АА) - Учесниците на Самитот Г20 во Хамбург во Германија првиот ден ја усвоија заедничката Декларација за борба против тероризмот од 21 точка, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Декларацијата силно се осудуваат сите терористички напади кои се случија во светот, нагласувајќи го значењето на соаботката во цел борба против тероризмот.
Се додава дека е значајно сите земји да ги спроведат меѓународните обврски во борбата против тероризмот, и да се посвети посебно внимание на напорите против радикализацијата и ширењето на тероризам преку интернет.
„Тероризмот е глобална закана против која треба да се бориме. Тероризмот секаде во светот ги прекина безбедните пристаништа”, се наведува во Декларацијата.
Понатаму се наведува дека е потребно да се почитуваат сите резолуции на Советот за безбедност на ОН во врска со тероризмот.
Во Декларацијата исто така е нагласено значењето на борбата против финансирањето на терористичките организации.
На крајот се наведува дека медиумите, невладиниот сектор, верските заедници, деловниот свет и образовните институции имаат важна улога во облик на околина која би помогнала во спречување на радикализацијата и тероризмот.
Самитоа Г20 во Хамбург се одржува вчера и денес.