Şenhan Bolelli
02 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Регионалната влада на Каталонија соопшти дека 90 отсто од Каталонците ја поддржале независноста на регионот, на референдумот за независност што се одржа вчера, јавува Anadolu Agency (AA).
Џорди Турул, портпаролот на владата, изјави дека околу 90 отсто од гласачите (2.020.144) гласале за независност, 176.565 гласачи биле против, 45.586 гласачки ливчиња биле празни, додека 20.129 биле неважечки.
Тој истакна дека од 2.315 избирачки места полицијата затворила околу 400.
„Треба да се утврди индивидуалната и материјалната штета. Владата целосно им пружа поддршка на 844 лица кои беа нападнати“, рече Турул.
Иако полицијата доби наредба да се воздржи од употреба на сила, повредени беа над 760 лица. Каталонските власти тврдат дека полицијата употребила и солзавец за да ги растера поддржувачите на референдумот кои пружаа отпор чувајќи ги избирачките места.
Не се очекува шпанската влада да преземе какви било чекори за признавање на резултатите од референдумот.