Ekipa
05 Ноември 2018•Ажурирај: 05 Ноември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поддржа контроверзниот нацрт-закон, кој предвидува воведување смртна казна за Палестинците што се вмешани во напади против Израелци, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелскиот весник „Тајмс“ (The Times) пишува дека на состанокот со лидерите на коалициските партии, Нетанјаху изјавил дека не постои ништо што ќе спречи законот да биде воспоставен во израелскиот парламент, Кнесетот.
Тој изјави дека опозицијата од израелската служба за внатрешна безбедност „Шин Бет“ и израелската Армија не треба да ги спречи пратениците во понатамошното развивање на овој нацрт-закон.
Легислативата беше силно одобрена од израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, и беше дел од договорот на претходната коалиција со партијата на Бенјамин Нетанјаху, Ликуд.
Договорот ја доведе либералната партија „Израел, наш дом“ во коалициската влада на Израел.
Контровезниот нацрт-закон беше одобрен од Кнесетот при првото читање во јануари.
Минатата година Нетанјаху ја поддржа примената на смртна казна за оние што ги опиша како „терористи со крв на нивните раце“.
Поради двојниот правен систем на Израел, според кој Израелците се судат во цивилните, а Палестинците во воените судови (каде што треба да се воспостави воведување смртна казна), Израелците претежно нема да се соочат со погубување поради убивање на Палестинци.
Во моментот, смртна казна може да се пресуди доколку комисија од тројца воени судии едногласно ја усвои казната. Доколку предлог-законот биде одобрен, ќе биде доволна пресудата на мнозинството.
Според официјалните палестински податоци, моментално во затворите и центрите за притвор во Израел се наоѓаат 6.500 Палестинци.