Halit Süleyman
23 Септември 2016•Ажурирај: 24 Септември 2016
АЛЕПО (AA) – Според најновите информации, најмалу 86 лица загинаа а преку 200 луѓе се ранети во воздушните напади изведени во различни делови на сирискиот град Алепо, кои се под контрола на сириската опозиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Службеник на цивилната заштита во Алепо Неџип Енсари, во разговор за АА потврди дека руските и авионите на војската на Башар ал-Асад изведуваат жестоки воздушни напади на одредени населени места под блоада на сирискиот режим.
Според информациите кои ги сподели Енсари, загинаа 12 а во местото Баб, кое е под контрола на терористичката организација ДАЕШ. Додаде дека кога се во прашање деловите на градот под истрага на опозициската војска во Баштекин загинаа 19, во Енсарије осум, Лелес 14, во Катирча седум, Баб ал-Нејраб шест, Кафр Камра и Салихијин по пет, во Мади три, Тарик Ал-Баб и Сахур по две, а во Марџе, Карм Хамуд и Сејх Хадир загина по едно лице.
Според информациите на новинската агенција САНА, режимските сили се подготвуваат за копнена акција на источниот дел на Алепо.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад покренаа силни копнени и воздушни напади, откако на 19 септември е прекинато примирјето.
Во акциите на режимот на Асад поддршка пружа и Русија.