Halit Süleyman,Adham Kako
22 Април 2017•Ажурирај: 23 Април 2017
АЛЕПО/АНКАРА (AA) - Најмалку четири лица смртно страдааа, а повеќе од 25 се ранети во воздушни напади изведени на подрачјето Дарет ел-Изе во сирискиот Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот го изведоа на подрачје кое е под контрола на сириската опозиција.
Хамуд Хамуд, директорот на одделот на Цивилната заштита во Дарет ел-Изу, рече дека авионите на режимските сили пред два часа, еден по друг, изведоа 11 воздушни напади.
Загинаа три девојчиња од исто семејство и една жена. На ова подрачје нема војска, само цивили", порача Хамуд.
Махмуд Јахја, еден од службениците на импровизираната болница на тоа подрачје, изјави дека се хоспитализирани повеќе од 25 цивили.
Јахја нагласи дека повеќето од нив се жени и деца.