Ivana Ramadanova
01 Јуни 2017•Ажурирај: 02 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во Министерството за внатрешни работи денес беше извршено примопредавање на должноста министер за внатрешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес, новиот министер Оливер Спасовски во просториите на Министерството за внатрешни работи ја презеде функцијата во ресорното министерство од својот претходник, Агим Нухиу.
На кратката средба, Нихиу на новиот министер му посака многу успех во работата, истакнувајќи дека во министерството има многу работи што треба да се подобрат.
Заблагодарувајќи му се за досегашната работа во МВР, Спасовски на средбата со Нухиу изрази жалење што за време на неговото владеење се случиле немили настани, кои како што додаде, сите во министерството ќе ги направи посилни.