Bayram Altuğ
20 Јуни 2018•Ажурирај: 21 Јуни 2018
ЖЕНЕВА (АА) - Меѓународната независна комисија на Обединетите нации (ОН) за истрага за Сирија, соопшти дека опсадата и заземањето на Источна Гута од режимските сили на САД, се окарактеризирани како воено злосторство и злосторство против човештвото, јавува Anadolu Agency (AA).
Комисијата, на барање на Советот за човекови права да се покрене сеопфатна, итна и независна истрага за случувањата во Источна Гута, напиша извештај на 23 страници.
Во Извештајот се наведуваат деталите за опсадата на Источна Гута и нападите врз цивилите во текот на нејзиното заземање кое следуваше.
Се осудуваат и „варварските методи и методите кои се својствени за Средниот век“, кои припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ги применуваа врз цивилите. Укажано е дека жителите на Источна Гута се народ кој е изложен на најдолга опсада во модерната историја.
Во Извештајот се наведува дека цивилите на Источна Гута беа препуштени на смртта, иако тоа во одредени ситуации можеше да се спречи. Се истакнува дека припадниците на режимските сили ги интензивирале нападите на тоа подрачје од февруари до април, и дека во бомбардирањата загинале стотици жени, мажи и деца.
Се вели и дека голем број куќи, центри и болници до април биле срамнети со земја. Се истакнува дека нападите се извршени без оглед на тоа што станува збор за цивили и заштитени објекти, што е во рамките на воени злосторства и злосторства против човековите права, но и за првпат отворено се осудени постапките на припадниците на режимот на Асад.
Во Извештајот се наведува дека режимските сили бомбардирале населби и објекти во Источна Гута и дека свесно е оневозможена хуманитарната помош на тоа подрачје. Се истакнува и дека овие нехумани напади врз цивилите нанеле психички и физички рани.
Се потсетува дека припадниците на режимските сили на 14 април соопштиле дека Источна Гута била официјално заземена. Се додава и дека се раселени 140.000 цивили, а во согласност со договорите за евакуација и примирје, од Источна Гута во Алепо пратени се 50.000 цивили на кои не им е пружена хуманитарна помош.
Извештајот на Комисијата на 26 јуни ќе биде претставен и на земјите членки на Советот за човекови права, чие 38. Заседание се одржува во Женева.
Претседателот на Комисијата, Паоло Серџо Пинхеиро, коментирајќи го Извештајот, изјави дека е ужасно што цивилите, без оглед на тоа за кого станува збор, биле нападнати и лишени од храна и лекови.