Jeyhun Aliyev
04 Јуни 2018•Ажурирај: 05 Јуни 2018
КОЏАЕЛИ (АА) - Технолошката банка на Обединетите нации (ОН) посветена на најмалку развиените земји беше отворена денес во „Marmara Teknokent“ во Гебзе, во северозападната турска област Коџаели, јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата на отворање, министерот за наука, индустрија и технологија на Турција, Фарук Озлу, стартувањето на Технолошката банка го окарактеризира како историска пресвртница во смисла на глобалните напори за јакнење на капацитетите во науката, технологијата и иновациите во 47 најмалку развиени земји.
Во мај 2011 година, на четвртата конвенција на ОН во рамките на Истанбулската акциона програма на ОН повика на основање технолошка банка.
Долгогодишната потреба за ваква банка е потврдена во Акциониот план за финансирање на најмалку развиените земји во Адис Абеба 2015 година.
На 23 декември 2016 година, Генералното собрание на ОН усвои резолуција за основање банка во Турција.
Министерот Озлу додаде дека финанисрањето на Технолошката банка е на добротворна основа. Првата донација во вредност од два милиона долари е донирана во 2017 година, со обврска од два милиони долари донација секоја година во текот на петгодишен период. Турција, исто така, ги презеде административните трошоци како земја домаќин.
Заменик-генералниот секретар на Технолошката банка, Фекитамоелоа Катоа Утоикаману, изјави дека мисијата на Технолошката банка е да го унапреди капацитетот на науката во 47 најмалку развиени земји во светот, да го промовира развојот на националните и регионалните иновативни екосистеми, да привлече странски технологии и истовремено да ги зголеми и турските капацитети за истражување, развој и иновации.
Утоикаману додаде дека Канцеларијата на ОН заедно со турската Влада е задоволна што најпосле ќе ја затвори економската празнина на најсиромашните земји во светот преку отворање на Технолошката банка.